Достапни линкови

logo-print

Кери во ненајавена посета на Авганистан


Американскиот државен секретар Џон Кери денеска пристигнаво ненајавена посета на Авганистан во обид за смирување на растечката политичка криза делумно поттикната од договорот за национално единство за кој посредуваше по спорните претседателски избори во 2014 година. Посетата на Кери доаѓа во време на растечка политичка криза во владата на национално единство предводена од претседателот Ашраф Гани и главниот извршен функционер Абдула Абдулах.
Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби рече дека Кери ќе ја нагласи американската поддршка за владата и безбедносните сили кои се обидуваат да се справат со талибанските бунтовници. Кери во Кабул ќе се сретне и со Гани и со Абдулах. Договорот за национално единство истекува во октомври кога треба да се одржат парламентарни избори, иако многу набљудувачи сметаат дека тие ќе бидат одложени до идната пролет бидејќи ветените изборни реформи не се спроведени.

XS
SM
MD
LG