Достапни линкови

logo-print

Времен договор за краток прекин на огнот во Нагорно-Карабах


Азербејџан и сепаратистите поддржани од Ерменија соопштија дека се согласиле на времен договор со кој им се овозможува на двете страни безбедно да трагаат по телата на нивните војници убиени во судирите во отцепениот регион Нагорно Карабах. Завојуваните страни се согласија на прекин на огнот на 5 април,четири дена од гранатирањата и артилериските напади во кои загинаа десетици. Тоа беше најсериозниот инцидент по прекинот на огнот во 1994 година со кој се стави крај на конфликтот, но не се решија спорните прашања. Вчера министерството за одбрана на Азербејџан и воените лидери во Нагорно Карабах рекоа дека постигнале договор за да осигураат дека нема да има насилства во следните пет часа во денот за да им се овозможи на двете страни да трагаат по телата на загинатите. Рускиот премиер Димитри Медведев во меѓувреме пристигна во Азербејџан на разговори со претседателот Илхам Алиев. Нагорно Карабах е регион во Азербејџан кој претежно е населен со Ерменци.

XS
SM
MD
LG