Достапни линкови

Рут предвидува месеци разговор за договорот ЕУ- Украина


Холандското изјаснување против договорот за зацврстување на врските меѓу ЕУ и Украина може да предизвика долги преговори за промени во договорот рече холандскиот премиер. Може да поминат месеци пред да се најде решение бидејќи многу различни страни се вклучени рече премиерот Марк Рут вчера наведувајќи дека тоа е сложен процес. Холанѓаните со 61 отсто на референдумот што се одржа на6 април го одбија договорот со Украина. Излезноста на референдумот изнесуваше 32 отсто. Тој не е обврзувачки така што холандската влада не мора да ги следи резултатите од гласањето. Но Рут рече дека не може да ги игнорира негативните резултати од референдумот. Сепак се уште експертите очекуваат големи делови од договорот да бидат спроведени без Холандија или без измените што би произлегле од разговорите. ЕУ и 27 земји- членки го ратификуваа договорот кој стапи во сила во јануари. Холандскиот парламент кој го ратификуваше договорот ќе се наврати на прашањето идната недела земајќи ги предвид и резултатите од референдумот, рече Рут.

XS
SM
MD
LG