Достапни линкови

logo-print

Шешељ персона нон-грата во Косово


Српскиот националист Воислав Шешељ е прогласен за персона нон-грата во Косово и му е забрането влегувањето во земјата. Оваа одлука следува само неколку дена откако тој беше ослободен од обвинувањата за воени злосторства . Хрватска и Босна и Херцеговина беа вчудоневидени од ослободителната пресуда што ја донесе Хашкиот трибунал на 31 март. Според неа Шешељ не е виновен за воени злосторства против човештвото сторени за време на војните на Балканот во деведесетите години. Часови по одлуката Хрватска му забрани влез на Шешељ на нејзина територија, а Босна и Херцеговина презема слични мерки. Косовскиот министер за надворешни работи Петрит Селими за агенцијата Франс прес рече дека на него не му е дозволен влез и во Косово.
Шешељ кој планира да учествува на изборите во Србија што ќе се одржат на 24 месецов рече дека сака да ги посети местата во Косово во кои живеат Срби.

XS
SM
MD
LG