Достапни линкови

Русија спремна да го замрзне производството на нафта


Рускиот министер за енергетика Александар Новак рече дека Москва е спремна да го замрзне производството на нафта на јануарско ниво од 10,9 милиони барели на ден во договор со другите важни производители месецов. Но тој рече дека другите земји на состанокот на членките на ОПЕК и оние кои не се, на 17 април во Доха може да предложат различни нивоа како на пример она од февруари и Русија е отворена и за тоа. Неговиот коментар вчера предизвика уште еден пораст на цената на нафтата. Новак рече дека се уште се надева дека состанокот во Доха ќе заврши со договор за замрзнување на производството меѓу главните производители иако Иран се изјасни дека ќе го задржи растечкото производство и нема да потпише таков договор. Русија, Саудиска Арабија и Венецуела во февруари се согласија да се обидат да го замрзнат производството за да го сопрат падот на цената на суровата нафта.

XS
SM
MD
LG