Достапни линкови

Во Сирија убиен уште еден Косовец џихадист


Во нападите во сирискиот град Алепо, освен Хамди Круши и Ардиан Хисени, чие загинување беше пртеходно потврдено, убиен е и трет Косовец, Минатор Ибрахими, од Косовска Митровица. Тројцата Косовци се бореле на страната на терористичката организација Фронтот ал Нусра во Сирија.

„Зголемениот интензитет на борбите во конфликтните подрачја и нападите меѓу милитантите на ИД и ал Нусра со воените сили во Алепо резултираат со многу жртви. Меѓу нив за само неколкудена потврдена е смртта на Хамди Круша (22) од Призрен, Ардиан Хисени (28) од Приштина и денеска потврдената вест за загинувањето на Минатор Ибрахими (24) од Косовска Митровица, кој на терористичката организација и се приклучил пред една година, пишува електронското издание на приштинскот весник „Експрес“.

Според истиот извор бројот на загинати Косовци во Сирија и Ирак се зголемил на 55, додека уште најмалку 70 се се уште активни на тамошните боишта.

XS
SM
MD
LG