Достапни линкови

Русија уапси петмина осомничени терористи


Руската агенција за безбедност соопшти дека уапсила пет осомничени поврзани со групата на Исламската држава, кои подготвувале напади во јужна Русија. Федералната служба за безбедност (ФСБ), наследничка на КГБ, денеска соопшти дека осомничените биле уапсени во градот Паласовка во волгоградкиот регион, околу 900 киломтри јужно од Москва. ФСБ соопшти дека осомничените имале оружје и експлозив и дека биле вклучени во обиди да регрутираат локални жители да работат за ИД. Руските власти велат дека од 5.000 до 7.000 жители на Русија и од поранешните советски републики отпатувале во Сирија да и се приклучат на групата на ИД.

XS
SM
MD
LG