Достапни линкови

logo-print

Спасовски: Прекршен е Договорот од Пржино


Генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека Владата направила ново прекршување на Договорот од Пржино и донела противзаконска одлука за поништување на сите правни акти на министрите од СДСМ, донесени пред поднесување на оставките.

„Нашите оставки, како министри и дополнителни заменици министри, поднесени до техничкиот премиер од ВМРО-ДПМНЕ не беа констатирани, спротивно на нашата волја. Со ваквата одлука, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги прават изборите невозможни бидејќи ова е техничка влада за спроведување на фер избори. Сите одлуки поврзани со изборите мора да бидат потврдени од опозицијата. Ова е директна потврда и доказ дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ немаат никаква намера да организираат регулатни, фер и демократски избори, рече Спасовски.

XS
SM
MD
LG