Достапни линкови

logo-print

17 загинати во воздушни напади на САД во Авганистан


Илустрација.

Илустрација.

Во воздушни напади на САД загинаа најмалку 17 луѓе во источен Авганистан. Американскиот армиски портпарол, командант Фернандо Естрела денеска изјави дека воени авиони на САД извршиле два воздушни напади во провинцијата Пактика, во близина на границата со Пакистан. Шефот на провинциската полиција Зоравар Захид изјави дека загинатите се милитанти. Но, друг локален претставник рече дека убиените се цивили, вклучително и племенски старешина.

„Јас сум од областа каде се случи инцидентот и можам да кажам дека сите беа цивили“, изјави заменикот на шефот на провинцискиот совет, Ниматула Бабури. Друг член на советот Фазал Раман Катавазаи потврди дека во нападот има цивилни жртви, но рече дека не знае колкав е бројот. Воздушните напади на САД во Авганистан се зголемени во последните месеци, особено по должината на границата до Пакистан каде има упоришта на Милотантите.

XS
SM
MD
LG