Достапни линкови

logo-print

Се одбележува Светскиот ден на Ромите


Во Македонија денеска со повеќе активности ќе биде одбележан Светскиот ден на Ромите 8 април. Одбележувањето, како што посочуваат организторите е можност за потсетување на историскиот развој на борбата за остварување на правата на Ромите на меѓународно ниво и во Република Македонија.

„Периодот на изолираност и маргинализираност денес претставува само една фаза од развојот на заедницата на Ромите во Република Македонија. Денес, новите генерации со силна мотивација и желба го прифатија предизвикот да бидат носители на прогресот, на промените во генетскиот код кои резултираат со надминување на комплексот на пониска вредност. Денес ги промовираме новите вредности на генерацијата млади Роми кои даваат значителен придонес во развојот на македонското современо општество, посочуваат од ромските невладини организации „Сумнал“ – здружение за развој на Ромската заедница и „Баирска Светлина“ од Битола.

XS
SM
MD
LG