Достапни линкови

Хигиената на високо ниво во прифатниот центар во Гевгелија


Кампот Винојуг на македонско - грчката граница

Кампот Винојуг на македонско - грчката граница

Хигиената, во објектите во кои се сместени бегалците и оние кои се празни во транзитниот центар за бегалци во Гевгелија, е на задоволително високо ниво. Таму не се пријавени заразни заболувања и хигиената се одржува континуирано од страна на вработените комунални работници и активистите во кампот, констатираше Центарот за јавно здравје од Велес кој редовно прави увид на состојбата.

Во прифатниот транзитен центар за бегалци во Гевгелија, каде што веќе подолго време се сместени 135 мигранти по затворањето на т.н. балканска рута, денеска беше извршена дезинфекција на 1.650 метри квадратни и дератизација со поставување на 10 мамци.

Од другата страна на граничниот камен 59, според информациите од регионалниот ЦУК, на грчка територија кај Идомени има околу 11 илјади мигранти за кои од страна на грчките погранични органи е најавена дислокација во прифатните центри во Верија и околината на Кукуш.

XS
SM
MD
LG