Достапни линкови

Грција предупредува на опасност од епидемии во бегалските кампови


Постои опасност од епидемии во бегалскиот камп на грчко-маедонската граница, предупреди директорот на Упарвата за јавно здравство во грчката област Централна Македонија, Софоклис Куртидис, известуваат грчките медиуми наведувајќи дека во моментов во грчкото село Идомени има над 11.000 имигранти, меѓу кои и многу мали деца, а условите во импровизираниот камп не се добри.

Меѓу бегалците веќе се регистриани случаи на болни од хепатит А, како и случаи на ширење на шуга. Од Брзата помош бараат да се преземат мерки и да се дезинфицираат нивните возила, во кои се пренесувани имигранти.

Медиумите пишуваат дека во реонот на кампот има вирови, полни со гнило ѓубре и дека се шири неподнослива миризба. „Храната која се дели на мигрантите е со сомнителен квалитет“. Според заменик-гувернерот Јоана Заки, ситуацијата во Идомени е неконтролирана и кампот треба веднаш да биде затворен, бидејќи во моментов здравствените власти не можат да го дезинфицираат регионот поради големиот број луѓе кои постојано се движат меѓу отворените шатори.

XS
SM
MD
LG