Достапни линкови

„Името“ чека погодно време


Ова не е вистинскиот момент да се реши проблемот со името, оти ова емотивна тема партиите знаат да ја злоупотребат за избори, вели професор Денко Малески. Политичкиот аналитичар Ризван Сулејмани ,пак, вели дека овој момент треба да се искористи да се затвори ова прашање.

Во овој момент не постои енергија Македонија да го затвори прашање со името кое се провлекува години наназад, оценуваат дел од експертите. Универзитетскиот професор Денко Малески вели дека ништо не укажува на фактот дека ова е вистинскиот момент да се реши проблемот со името со Грција и оценува дека можеби имало такви моменти во политичката историја на почетокот кога демократијата уште не била консолидирана.

Сега живееме во плурален процес на разни политички партии кои имаат свои различни видувања и кои знаат да ги злоупотребуваат тие емотивни теми при изборите, значи ова е е можеби најлошиот момент да се покрене тоа прашање.
Денко Малески, универзитетски професор.

„Кога некои луѓе како претседателот, министерот за надворешни работи можеа да преземат врз себе некакви побитни одлуки околу ова прашање, но сега живееме во плурален процес на разни политички партии кои имаат свои различни видувања и кои знаат да ги злоупотребуваат тие емотивни теми при изборите, значи ова е е можеби најлошиот момент да се покрене тоа прашање“, изјави професор Малески, кој е гостин во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Малески дополнува дека во момент кога Македонија ќе се трансформира во плурална демократија и кога ќе се почитуваат ставовите на различните партии по сите прашања, вклучително и за името, оти тогаш може да се дојде до некакво единство во државата за да се реши проблемот и Македонија да стане дел од евроатланските структури.

По 23 години од приемот на Македонија во ОН кога станавме суверени држава на картата на светот професорот Малески, кој е и прв министер за надворешни работи, вели дека Македонија не ја искористи шансата да се позиционира во меѓународните односи. Македонија ја пропушти шансата да стане дел од структурите на НАТО и ЕУ заради домашната политика и тешкото прифаќање на начелото на демократијата, а со тоа заостана зад соседите, вели тој.

„Не знаеше да се димензионира како нова млада модерна држава и нација која ги остава зад себе историските расправии со балканските народи, оди во Европа, и од таа позиција потоа ги отвора темите на минатото, но од позиција комотна безбедна за својот народ и својата држава“, вели Малески.

Политичкиот аналитичар Ризван Сулејмани вели дека во овој момент политичарите треба да имаат предвид дека регионот и Европската Унија се соочуваат со опасноста од бегалската криза и оти тоа е добар контекст поради кој треба да се затвори прашањето за името со Грција.

„Ако малку бидеме помудри и ние и Грците овој момент треба да се искористи за дефинитивно да се затвори ова прашање. Бегалската криза не е времена, туку ќе трае подолго, затоа што личи на преселба на народи.“

Со мигрантскиот бран кој наидува, ниту една земја не може сама да се справува, особено држави како Македонија кои имаат економски, проблеми, етнички и меѓурелигиски разлики и само во една поширока коалиција на регионот и со големите центри на моќ ние ќе може да ја менаџираме ситуацијата, оценува Сулејмани.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG