Достапни линкови

logo-print

Двајца загинати во борбите во Нагорно Карабах


Двајца сепаратисти поддржани од Ерменија се убиени во борбите во азербејџанската отцепена територија Нагорно Карабах. Тензиите доаѓаат неколку дена откако беше потпишан договорот за прекин на огнот на 5 април, кој ги запре насилствата на планините на Северен Кавказ. Денеска двете страни меѓусебно се обвинија за прекршување на договорот. Во соопштение силите на сепаратистите поддржани од Ерменија велат дека двајца нивни војници се убиени по должината на линијата на конфликтот, која служи за одвојување на завојуваните страни. Во меѓувреме, ерменското Министерство за одбрана соопшти дека Азербејџан гранатитрал воени и цивилни цели во Ерменија. Азербејџан соопшти дека одгвориле на оганот, откако Ерменија ги гранатирала нивните позиции во Нагорно Карбах.

XS
SM
MD
LG