Достапни линкови

Кери на разговори во Ирак за војната против ИД


Американскиот државен секретар Џон Кери пристигна во Ирак на разговори за војната против милитантите на групата на Исламската држава. Кери ќе се сретне со премиерот Хаидар ал-Абади, министерот за надворешни работи Ибрахим ал-Џафари и со премиерот на ирачкиот автономнен курдски регион, Нечирван Барзани, изјави портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби.

Кери „ќе ја истакне нашата силна поддршка за ирачката Влада која се однесува на значајни безбедносни, економски и политички предизвици“, рече Кирби. Кери, кој е во Багдад за прв пат од 2014 година, ќе му ја понуди неговата поддршка на Абади во услови на растечка политика криза.

Абади минатата недела ја вознемири политичката елита во Ирак со предложената реконструкција на Владата, која има за цел да ја спречи вкоренетата корупција со замена на долгогодишни политичари со технократи и академици.

Вашингтон стравува од политички немири кои може да им наштетат на напротите на Ирак да го заземат териториите кои се под контрола на милитантите на групата на ИД.

XS
SM
MD
LG