Достапни линкови

logo-print

Втора група мигранти депортирани од Грција во Турција


Грција депортираше 45 мигранти во Турција, според контроверзниот план на ЕУ за олеснување на масовната миграција во Европа. Бродот го напушти грчкиот остров Лезбос рано денеска и неколку часа подоцна пристигна на турското пристаниште Дикили. Вториот брод со 95 мигранти, главно од Пакистан, утринава го напушти Лезбос и се упати накај Турција. Грчкиот Комитет за бегалската криза денеска соопшти дека забележува остар пад на бројот на мигранти кои пристигнуваат во Грција од Турција. Тие соопштија дека 149 мигранти пристигнале на грчките брегови во последните 24 часа, за разлика од минатиот месец кога пристигнуваа по 900 дневно. Првата група од 202 мигранти, главно од Пакистан, беше вратена во Турција на 4 април. Во меѓувреме, првите Сиријци истиот ден од Турција пристигнаа во Германија и во Финска.

XS
SM
MD
LG