Достапни линкови

logo-print

Бејли и Орав – Има уште многу работа за кредибилни избори


Архивска фотографија: Амбасадорот на САД Џес Бејли и евроамбасадорот Аиво Орав

Архивска фотографија: Амбасадорот на САД Џес Бејли и евроамбасадорот Аиво Орав

Направен е одреден напредок, но останува уште многу работа за создавање услови за кредибилни избори, велат во заедничката писмена изјава амбасадорите на САД и на ЕУ во Македонија, Џес Бејли и Аиво Орав. Тие наведуваат дека политичките лидери во Македонија имаат одговорност пред своите граѓани да ја вратат земјата назад на евроатлантскиот пат преку спроведување на нивните политички договори и на итните реформски приоритети.

„ЕУ и САД ги поддржуваат сите партии и другите учесници во процесот во нивната работа за создавање на услови за кредибилни избори. Ова подразбира прочистување на избирачкиот список, спречување на каква било форма на заплашување или притисок врз гласачите и обезбедување на фер медиумско покривање. Извесен напредок е направен во овие полиња, но останува уште многу работа. Тоа е одговорност, не само на државните институции да подготват кредибилни избори, туку и на политичките партии. На 6 април се пропушти таква можност“, се наведува во изјавата.

Бајли и Орав наведуваат дека ЕУ и САД ќе продолжат да поддржуваат демократски развој, што вклучува и избори.

„Ја поздравуваме работата на Државната изборна комисија, како и напорите на граѓанското општество во унапредување на оваа цел. Одблиску ќе ги следиме случувањата и ќе продолжиме да ги споделуваме нашите гледишта“, се наведува во заедничката изјава на амбасадорите на ЕУ и на САД во Македонија.

XS
SM
MD
LG