Достапни линкови

Заменета цела руска хокеарска репрезентација


Хокеарската репрезентација на Русија до 18 години е целосно заменета и тоа на еден ден пред заминувањето на Светското првенство во САД, пренесоа медиумите во двете земји. Играчите се избришани од официјалниот сајт и заменети со група членови на репрезентацијата до 17 години. Медиумите ова го поврзуваат со допингување, односно со супстанцата мелдониум, која од 1 јануари годинава е забранета и која претходно често парти е користена од руските спортисти. Претседателот на Рускиот хокеарски сојуз Владислав Третјакги демантира ваквите наводи, и рече дека тоа било „тактичка одлука на стручниот штаб“.

XS
SM
MD
LG