Достапни линкови

Во Приштина инаугурација на претседателот Тачи


Инаугурацијата на четвртиот претседател на Косово Хашим Тачи ќе биде извршена денеска на церемонија на централниот приштински плоштад Скендербег. На неа е најавено присуство на илјада поканети државници од регионот и светот. На свеченоста досегашната претседателка Атифете Јахјага ќе му ја предаде на Тачи копијата на Уставот со што тој и формално ќе го преземе петгодишниот мандат како претседател на Косово. Тачи вчера во парламентот положи заклетва.

XS
SM
MD
LG