Достапни линкови

Во Германија уапсени две лица за планирање напад


Баварската полиција соопшти дека уапсила две лица, едното од Ирак, а другиот од Нигерија поради сомневање дека планирале, како што се наведува, „сериозен акт на насилство“. Полицијата наведува дека тие биле уапсени во Минхен откако примила дојава за нив. Германскиот весник Зидојче цајтунг, повикувајќи се на обвинителството во Минхен, пренесува дека постојат индиции оти двете лица биле во контакт со милитанти на Исламската држава. Полицијата соопшти дека во текот на апсењето на биле пронајдени сомнителни предмети.

XS
SM
MD
LG