Достапни линкови

logo-print

Турција и Израел во обид за нормализирање на односите


Турција и Израел почнаа нов круг преговори во обид за нормализирање на билатералните односи, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу. Односите меѓу двете земји драстично се влошија откако израелски командоси упаднаа на турскиот брод „Мави Мармара“ од флотилата за помош за Газа во мај 2010, при што беа убиени десет турски државјани. Средбите со Израел се водат извесно време и тие продолжуваат и денеска, изјави Давутоглу. Израелски одговорен претставник, кој побара анонимност, го потврди обновувањето на преговорите денеска, истакнувајќи дека тие се водат „во Европа“. Претходните кругови на преговори се одржаа во Женева. Турција постави три услови за нормализирање на односите: јавно извинување за инцидентот од 2010 година, исплаќање на компензации на семејствата на жртвите и кревање на израелската блокада на Појасот Газа.

XS
SM
MD
LG