Достапни линкови

Судири меѓу мигрантите и полицијата во Идомени


Во бегалскиот камп Идомени на грчко-македонската граници денеска избија судири меѓу мигрантите и полицијата. Околу 40 луѓе, првенствено мажи мигранти се судрија со полицијата барајќи отворање на границата. Повеќе недели над 11.000 луѓе се блокирани во импровизираниот бегалски капм Идомени откако минатиот месец низа европски земји ги затворија границите за бегалците. Демонстрантите стоеја на шините во близина на граничната ограда и бараа отворање на границите. Повеќе од 53.000 мигранти се блокирани во Грција по затворањето на границите.

XS
SM
MD
LG