Достапни линкови

Средба на министрите за одбрана на Грција и Бугарија за бегалската криза


Министерот за одбрана на Грција, Панос Каменос.

Министерот за одбрана на Грција, Панос Каменос.

Министрите за одбрана на Бугарија и на Грција, Николај Ненчев и Панос Каменос денеска имаа средба во Атина за бегалската криза и мигрансткиот прилив. „Проблемот со бегалците е на цела Европа и ние сметаме дека сите земји треба да се обединат за негово решение. Неопходно е да се дејствува солидарно и да се бараат механизми за помош на државите, кои се подложени на најсилен мигрантски притисок, рече Ненчев, додавајќи дека неговата земја ја поддржува Грција во напорите да го контролира миграцискиот прилив, насочен кон и од нејзина територија. За време на разговорите меѓу делегациите беше договорено остварување трилатерална средба на министрите за одбрана на Бугарија, Грција и Романија со цел изградба на единствена платформа за заштита на регионот.

XS
SM
MD
LG