Достапни линкови

СДСМ повика на формирање широк граѓански фронт


Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска на прес-конференција повика на формирање на широк граѓански фронт за слободна Македонија. Лидерот на СДСМ Зоран Заев истакна дека опозицијата ќе ги искористи сите средства кои и стојат на располагање согласно Уставот и законите во борбата за враќање на демократијата. „Повикувам на платформата за слободна Македонија да се приклучат коалициските партнери на СДСМ, политичките партии, невладините организации, здруженијата, синдикатите, интелектуалците, професорите, вработените, невработените, целата демократска јавност, сите борци за слобода“, рече Заев.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со вчерашната еднострана одлука за распуштање на Парламентот направиле изборите да бидат невозможи на 5 јуни и го урнисале договорот од Пржино. Според Заев, два од трите минимум услови за одржување на фер и демократски избори, а тоа се разграничувањето на партијата од државата и регулацијата на медиумите, не се исполнети, додека за третиот услов - прочистувањето на Избирачкиот список, рокот истекува на 16 април.

XS
SM
MD
LG