Достапни линкови

logo-print

ОПЕК: Можно замрзнување на производството на нафта


Русија и Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) можно е да постигнат договор за замрзнување на производството на нафта, дури и ако Иран не и се приклучи на иницијативата, изјави висок претставник на ОПЕК.

Кувајтскиот гувернер на ОПЕК, Навал ал – Фезаја изјави дека земјите производители на нафта немаат друга алтернатива освен да постигнат договор за замрзнување на производството, кога ќе се сретнат на 17 април во Доха, Катар, бидејќи цените се премногу ниски.

Таа рече дека замрзнувањето може да биде на нивото од февруари. Земјите производители ќе се сретнат во Доха да го финализираат договорот за замрзнување на производството, кој е постигнат на почетокот на годинава меѓу најголемите производители на ОПЕК, Саудиска Арабија и Русија.

Руски извори за Ројтерс изјавиле дека Русија и ОПЕК ги дискутираат деталите, како на пример колку долго да се одржува замрнувањето на производството и како да се мониторира.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека министрите за енергетика на Русија, Иран и Азербејџан ќе учествуваат на разговорите во Доха.

На почетоков на неделава Русија се залагаше за почнување на замрзнувањето на цените без Иран, со можност Техеран да се приклучи следната година, откако ќе го возобнови производствот на четири милиони барели дневно.

XS
SM
MD
LG