Достапни линкови

Грчката Влада предлага нови даночни мерки


Грчката Влада, во рамките на преговорите за третиот пакет финансиска помош, на кредиторите им предложи десет нови даночни мерки и само две мерки за намалување на буџетските расходи. Мерките се во вредност од 5,4 милијарди евра и се со цел да се надмине буџетскиот дефицит. Грчките медиумите наведуваат дека владините мерки се „даночен ураган“ за домаќинствата и бизнисот. Од предложените мерки Владата се надева да обезбеди 1,8 милијарди евра, а од реформите во пензискиот систем се предвидуваат уште 1,8 милијарди евра. Мерките предвидуваат и „замрзнување“ на именувањата во државниот сектор и воведување на различни такси меѓу кои и на игрите на среќа. Економскиот владин тим предложил и намалување на државните расходи на одбраната за 100 милиони евра наместо предвидените 500 милиони евра.

XS
SM
MD
LG