Достапни линкови

logo-print

Папата Франциско ќе го посети Лезбос


Папата Франциско на 16 април ќе го посети грчкиот остров Лезбос, објави Ватикан. Папата ќе направи еднодневна посета во знак на поддршка на бегалците и да привлече внимание на првата линија на европската мигрантска криза. Во изминатата година илјадници бегалци од Сирија, Ирак и Авганистан поминаа низ островот на Егејското Море. Но, според договорот меѓу ЕУ и Турција, грчките власти почнаа да ги депортираа бегалците во соседна Турција. Папата неколкупати упати поддршка за бегалците и ги повика римокатоличките цркви ширум Европа да прифатат бегалски семејства. Портпаролот на Ватикан, отецот Федерико Ломбарди изјави дека папата сака да покаже чувство, солидарност и одговорност.

XS
SM
MD
LG