Достапни линкови

Азербејџан ја обвини Ерменија за прекршување на прекинот на огнот


Азербејџан ги обвини сепаратистите поддржани од Ерменија за прекршување на примирјето меѓу двете страни во отцепениот регион Нагорно Карабах. Министерството за одбрана на Азаербејџан во денешно соопштение вели дека сепаратистите го прекршиле договорот 119 пати во последните 24 часа. Во друго соопштение Министерството за одбрана вели дека ерменските сили гранатирале неколку области во енклавата Нахчиван, која е опкружена од Ерменија, Иран и Турција. Министрите за надворешни работи на Иран и Русија денеска се сретнаа со нивниот колега од Азербејџан во Баку, разговарајќи како се спречи избивање на ново насилство. Рускиот премиер Дмиртиј Медведев денеска го посети Ереван. Азербејџанскиот министер за надворешни работи Елмеар Мамадјаров денеска изјави дека задржувањето на статус кво во конфликтот е неприфатливо, бидејќи неизбежно ќе води до ескалација на тензиите во регионот.

XS
SM
MD
LG