Достапни линкови

Холанѓаните го отфрлија договорот меѓу ЕУ и Украина


Холандската влада соопшти дека може да го преиспита ратификувањето на договорот со кој се воспоставуваат потесни врски меѓу Европската унија и Украина. До ова дојде откако на вчерашниот референдум, кој инаку не е обврзувачки, големо мнозинство од гласачите се изјаснија против овој договор. Одѕивот на референдумот бил 32 насто од 13 милиони гласачи во Холандија, што е за два процента повеќе од минимумот за да биде неговиот резултат валиден. Официјалните резултати би требало да бидат познати до 12 овој месец. Според првичните пак, над 61 насто го отфрлија договорот, додека околу 38 проценти го поддржаа. „Почеток на крајот на Европската унија“, напиша на Твитер, политичарот кој е против Унијата Герт Вилдерс.

XS
SM
MD
LG