Достапни линкови

Македонскиот парламент се распушти


Македонскиот парламент се распушти пред предвремените избори на 5 јуни кои, како што јави новинската агенција Асошиетед прес, имаат за цел да и стават крај на политичката криза предизвикана од скандалот со прислушувањето. Оваа агенција додава дека изборите се закажани две години порано од редовните во согласност со договорот што со западните медијатори беше постигнат лани. Лидерот на СДСМ Зоран Заев соопшти дека неговата партија нема да учествува на овие избори, бидејќи некои услови останаа неисполнети, како реформите во медиумите и чистењето на избирачкиот список. Изборите првично беа закажани за 24 април, но тогаш опозицијата поддржана од ЕУ и САД извршија притисок за нивно одложување.

XS
SM
MD
LG