Достапни линкови

СДСМ побара итна седница за констатирање на оставките на нивните министри


Собранието на Република Македонија ја прекина работата по 98-та седница, а паузата следи на барање на координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески, кој откако министрите и дополнителните заменици-министри од СДСМ денеска поднесоа оставки на функциите во Владата, побара од премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев, итно да ги достави оставките до Собранието.

„Дополнително имаме поднесено барање за итна седница согласно Уставот на РМ на која што ќе бидат констатирани нивните оставки“, рече Сугарески.

Во меѓувреме, тој најави дека пратеничката група ќе достави допис до Собранието со кој законите за кои што се води расправа на 98. седница ќе бидат повлечени. Станува збор за измените и дополнувањата на Законот за шумите, за персоналниот данок на доход, за здравственото осигурување и за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Претходно, мнозинството не ги поддржа измените на законите за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење и за туристички развојни зони, исто така предложени од опозицијата.

XS
SM
MD
LG