Достапни линкови

logo-print

Рохани нуди помош за решавање на конфликтот во Нагорно Карабах


Иранскиот претседател Хасан Рохани се понуди да посредува меѓу Азербејџан и Ерменија околу конфликтот во Нагорно Карабах. Рохани денеска ја направи понудата во одделни телефонски разговори со неговите колеги од двете земји, Илхам Алијев и Серж Саркисијан. Рохани изјави дека Техеран веќе ги користи сите средства за мирно решение на разликите на завојуваните страни низ политички дијалог. Тој исто така ги повика Алијев и Саркисијан да направат се што можат за целосно да го имплементираат договорот за прекин на огнот, целосно да го мониторираат и да донесат мир на границите на двете земји. Иранскиот претседател истакна дека терористите би можеле да имаат корист од тензиите во регионот.

XS
SM
MD
LG