Достапни линкови

Зголемено нивото на сиромаштија во Русија


Светската банка соопшти дека 3.1 милиони Руси се спуштиле под линијата на сиромаштијата во услови кога економијата се бори со ниските цени на нафтата и меѓународните санкции. Во оценката објавена денеска се вели дека Бруто домашниот производ на земјата паднал за 3.7 отсто минатата година и се предвидува дека ќе се намали за дополнителни 1.1 отсто оваа година. Континуираното зголемување на сиромаштијата ќе ги врати стапките на нивото како во 2007 година, се вели во соопштението на банката. Ова се последните податоци кои покажуваат колкави загуби претрпела руската економија во изминативе две години.

XS
SM
MD
LG