Достапни линкови

Ирачката офанзива против ИД ставена во мирување


Ирачката армија ја стави во мирување офанзивата која се смета за прва фаза од кампањата за преземање на северниот град Мосул од милитантите на групата на Исламската држава. Генерал – мајор Најм Абдула ал – Џубори денеска изјави дека ирачките сили ги чекаат единиците на федералната полиција и дополнителни локални племенски борци за да можат да ја држат територијата откако ќе биде преземена. „Тоа ќе им олесни на силите да одат во офанзива против бунтовниците, рече Џубори. Во речиси тринеделна операција, ирачките сили успеаја да преземат само три села од групата на ИД во областа Макмур, која е клучна за следниот напад за ослободување на Мосул.

XS
SM
MD
LG