Достапни линкови

logo-print

Различни ставови за Избирачкиот список на членовите на ДИК


Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска дебатираа за процесот на прочистување на Избирачкиот список, што е еден од условите за одржување на предвремени парламентарни избори на 5 јуни. Членовите предложени од владејачките партии со став дека до 20 мај, кога би требало да биде заклучен Избирачкиот список пред изборите, ќе биде реален, додека за членовите од СДСМ прочистувањето е на почеток.

Според Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, Избирачкиот список би можел да биде чист за неколку дена и оти е направена историска и сеопфатна проверка на Избирачкиот список за да се расчисти фамата околу овој документ. Предложи да му се даде рок од три дена на МВР да заврши проверки на 107.453 лица за кои постои сомнеж дека се иселени. Со тоа, според неа, ќе биде завршена проверката на 328.452 записи по сите основи. Исто така смета дека треба да се објават имињата, без адреси на лицата кои не се пронајдени дома при теренската проверка.

Членовите на ДИК од опозицијата со спротивни тези од нивните колеги. Сметаат дека прочистувањето на Избирачкиот список е на почетокот. Тврдат дека 73, 2 отсто од лицата што се вклучени во теренската проверка не се најдени дома, и дека доколку се покаже дека основот за стекнување на живеалиште кај одредени лица е спорен, постапката за нив би можела да трае два до три месеци. Виолета Дума од СДСМ рече дека задачата на ДИК не е завршена во целост и тоа на денот на распуштање на Парламентот. Праша дали нема да може да се инкорпорира ништо друго од проверките за Избирачкиот список освен бројката за починати лица.

На седницата беше усвоен Извештај за прогресот од вкрстените, теренските и административните проверки. Според овој Извештај, ќе се бришат од Избирачкиот список 1.129 починати лица. Теренската проверка за 87.352 е завршена. Заклучно со изутрината во системот се венесени податоци за обработка за 77.128 лица. Се очекува влез и обработка на податоци уште за 10.220 лица.

XS
SM
MD
LG