Достапни линкови

Двајца загинати при пад на албански воен хеликоптер во Скадарско Езеро


Илустрација.

Илустрација.

Хеликоптер на албанската војска „Еурокоптер ЕЦ 145“ се урна попладнево во северниот дел на Албанија, на подрачјето на Скадар, при што најмалку две лица загинаа, пренесува АНСА. Агенцијата наведува дека двочлениот екипаж загинал, додека третото лице кое било во хеликоптерот е тешко повредено. Хеликоптерот паднал во Скадарското Езеро, а нуркачи во моментов трагаат по телата. Тонин Маринај, градоначалник на Малеси е Маде изјави пред новинарите дека хеликоптерот се урна денеска околу 14 часот кај Скадарското Езеро, близу селото Гриже, на 108 километри северно од престолнината Тирана. Неколкумина рибари и локални жители го одвеле повредениот во болница.

XS
SM
MD
LG