Достапни линкови

ДИК сигурна само за починатите гласачи


Архивска фотографија: Седница на Државната изборна комисија

Архивска фотографија: Седница на Државната изборна комисија

Досега се проверени само починатите лица од избирачкиот список. Членовите на ДИК од СДСМ сметаат е завршен само мал дел од работата, додека членовите од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека 90 отсто од работата е завршена и дека може да се оди на избори на 5 јуни.

Работата на ДИК сè уште не е завршена, а извештајот од теренските, вкрстените и проверките заради ажурирање на избирачкиот список содржи целосно проверени податоци само за починатите лица.

Од податоците, проверен е само бројот на починати лица и тоа од околу 2.900 лица утврдено е дека 1.129 се починати и тие ќе се избришат од избирачкиот список.

Членот на ДИК од СДСМ, Виолета Дума, оцени дека многу мал дел од заложбите да се прочисти избирачкиот список од сомнителни лица се завршени и оти во целост се завршени само податоците за починатите лица кои треба да се избришат од избирачкиот список, додека Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ кажа дека 90 проценти од работата е завршена и му даде рок на МВР од еден до три дена најдоцна да ги провери податоците што недостасуваат и со тоа оцени дека ќе бидат исполнети условите да се одржат кредибилни избори на 5 јуни. Дума кажа дека е невозможно за два до три дена да се обработат тие податоци, бидејќи само половина од спорните гласачи се проверени. Поточно, од доставените 171.793 спорни гласачи во избирачкиот список, кои биле испратени за проверка во МВР, досега е утврдено дека од барањата за лични карти проверени се само 19.689 или 41 процент и од вкупно 68.695 барања за патни исправи проверени со 8.519 или само 12,4 проценти. Тоа значи дека разликата е голема и сè уште се во фаза на проверка.

Кај тие што се спорни, утврдено е дека имаат пасоши со живеалиште на македонска адреса, но немаат лична карта, иако личната карта е основа за живеалиште.

Од податоците, проверен е само бројот на починати лица и тоа од околу 2.900 лица утврдено е дека 1.129 се починати и тие ќе се избришат од избирачкиот список.

Што се однесува на теренската проверка, опфатени се 87.352 лица и од нив обработени се 77.128 лица, но останува да се проверат уште 10.224 лица.

Бонева предложи овие лица повторно да бидат објавени на страната на ДИК и со тоа тие сами да се пријават во наредните два дена, но Дума кажа дека тоа е невозможна мисија и дека е спротивно на одлуката на Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Предмет на административна проверка беа 72.000 лица кои ги има само во базата на податоци на МВР, а ги нема во другите бази на податоци. При тоа, откриени се 1.184 лица со непознат статус, што значи дека за нив не е отворен единствен матичен број, а се наоѓаат во Избирачкиот список.

Во евиденцијата на Управата за матична евиденција откриени се 67 лица кои не поседуваат ниту патна исправа ниту лична карта.

ДИК треба да ги соопшти резултатите од теренската проверка во текот на денешната отворена седница за јавност.

МВР треба да го објави прочистениот избирачки список еден ден по распишувањето на изборите.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG