Достапни линкови

Грчката Влада предлага нови даночни мерки


Во рамките на преговорите за третиот пакет финансиска помош грчката Влада им предложи на кредиторите десет нови даночни мерки и само две мерки за намалување на буџетските расходи, јавуваат грчките медиуми. Мерките во вредност од 5,4 милијарди евра се со цел да се надмине буџетскиот дефицит. Медиумите наведуваат дека владините мерки се „даночен ураган“ за домаќинствата и бизнисот. Од предложените мерки Владата се надева да обезбеди 1,8 милијарди евра, а од реформите во пензискиот систем се предвидуваат уште 1,8 милијарди евра. Мерките предвидуваат и „замрзнување“ на именувањата во државниот сектор и воведување на различни такси меѓу кои и на игрите на среќа. Економскиот владин тим предложил и намалување на државните расходи на одбраната за 100 милиони евра наместо предвидените 500 милиони евра.

XS
SM
MD
LG