Достапни линкови

Гарет: Со исполнети обврски можни се веродостојни избори на 5 јуни


Британскиот амбасадор во Македонија Чарлс Гарет изјави дека остануваат да се завршат доста обврски и работа за претстојните избори, дека има уште 60 дена, но оти е уверен дека доколку сите лица и институциите ја вршат својата работа, можно е да има веродостојни избори кои ќе се одржат на 5 јуни. Но, тој нагласи дека сепак на крај се се сведува на неколку зборови кои се многу важни за Договорот од Пржино - искрените намери, кои сите ги имаат за негова имплементација. Гарет информираше дека минатата есен Британската амбасада ги разгледала областите во кои може да ја поддржи Македонија во рамки на работата на итните реформски приоритети.

„Балансираното, непристрасното и целосното покривање во работата на медиумите е нешто што ние го идентификувавме како приоритет и како цел која е важна за да ја поддржиме Македонија во нашата билатерална соработка“, рече Гарет.

XS
SM
MD
LG