Достапни линкови

Се одржува договорот за прекин на огнот меѓу Азербејџан и Ерменија


Азербејџан и сепаратистите поддржани од Ерменија во отцепениот регион Нагорно Карабах, соопштија дека согласувањето околу договорот за прекин на огнот се одржувало во текот на ноќта. „Минатата ноќ прекинот на огнот генерално се одржуваше на линијата на контакт“, стои во изјавата на ерменските сепаратистички сили. Азербејџанското министерство за одбрана во денешнешното соопштение посочува дека ситуацијата на „линијата на контакт“, која ефективно служи за раздвојување на двете зевојувани страни, е тензична, но мирна. „Армиските сили на Азрбејџан од 5 април стриктно се согласуваат со договорот меѓу страните за прекин на воените операции на линијата на контакт на силите“, се вели во изјавата. Но, руската новинската агенција РИА го цитирааат азербејџанското Министерство за одбрана дека ерменските сепаратисти го прекршиле договорот 115 пати во последните 24 часа.

XS
SM
MD
LG