Достапни линкови

logo-print

Опаѓа бројот на мигранти кои пристигаат од Турција во Грција


Во последните 24 часа опаднат е бројот на мигранти кои од Турција пристигаат во Грција, еден ден откако грчкитe власти започнаа да депортираат мигранти во Турција, според договорот со Европската Унија. Грчките власти денеска соопштија дека само 68 мигранти пристигнале во Грција, што е намалување за 225 во однос на изминатиот ден. Не е јасно дали намалувањето е директно поврзано со договорот меѓу ЕУ и Турција. На 4 април Грција испрати над 200 мигранти во Турција во првиот бран на депортација според планот. Проценките на грчките власти се дека околу 53.000 мигранти се заглавени во земјата.

XS
SM
MD
LG