Достапни линкови

Турција подготвува нови правила за одземање државјанство


Турција ќе се ангажира околу подготвување на нови правила, кои ќе дозволат одземање на турското државјанство на лица за кои ќе се утврди дека поддржуваат тероризам, изјави турскиот министер за правда Бекир Боздаг. Тој, исто така, истакна дека властите почнале истрага во врска со објавувањето на личните податоци на 64 проценти од населението на земјата.

Хакери на интернет вчера објавија податоци кои наводно содржат лични информации за речиси 50 милиони турски државјани, меѓу кои се и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, неговиот претходник Абдулах Ѓул и за премиерот Ахмет Давутоглу. Во базите на податоци се наоѓаат 49.611.709 информации, како што се броеви на лични карти, домашни адреси, датуми на раѓање и имиња на родители.

XS
SM
MD
LG