Достапни линкови

logo-print

Собранието се распушта, партиите ја чекаат ДИК


На полноќ собранието се распушта освен ако нема поинаква одлука за повторно одложување на изборите како што беше на 23 февруари. Засега е нејасно и како ќе се позиционираат партиите. За разлика зимоска сега партиите се помолчеливи и ја чекаат оценката на ДИК

На полноќ собранието се распушта освен ако нема поинаква одлука за повторно одложување на изборите како што беше на 23 февруари. Во одлуката донесена зимоска се наведува дека изборите место на 24 април се одложуваат за петти јуни, а според членот 63 од Уставот пак избори за пратеници во Собранието се одржуваат во рок од 60 дена од денот на распуштањето.

Претседателот на собранието Трајко Вељаноски пак веќе најави дека има можност да тактизира со распишување на избори. Како што рече тој деновиве според уставните надлежности можел да го донесе решението за распишување на изборите, кои се одредени да бидат на 5 јуни наместо утре до 15-ти април за да и' дадела можност на комисијата ако некои работи евентуално не се завршени, да ги заврши.

Вељаноски нагласи дека тоа се однесувало на Избирачкиот список, бидејќи многу активности на ДИК зависеле од денот на потпишување на решението за распишување на изборите од страна на претседателот на Собранието.

ДИК пак до 17 април треба да го стави избирачкиот список на јавен увид, а претходно треба да ги има завршено теренската и административната проверка ,како и бришењето и додавањето на гласачи така што објавениот список треба да биде комплетен , онаков каков што би изгледал на изборите. Но ако одлуката за распишување на избори претседателот ја донесе подоцна тогаш, според толкувањата , ќе се даде дополнително време за јавниот увид во списокот кој треба да заврши дваесет дена по објавувањето.

Засега е нејасно и како ќе се позиционираат партиите. За разлика од 23 февруари кога ситуацијата беше политички тензична односно ВМРО ДПМНЕ постојано инсистираше дека условите се исполнети и изборите треба да се одржат на 24 април, а СДСМ тврдеше дека нема услови, сега и двете страни се помолчеливи. Од опозициската партија само кусо велат дека ќе го почекаат ставот на Државната изборна комисија па потоа ќе се изјаснат, а претседателите на ДУИ и на ДПА по вчерашната средба со директорот на Директоратот за проширување во Европската комисија Кристијан Даниелсон не инсистираа цврсто на петти јуни. Ахмети нагласи дека и тие ќе го поддржат ставот на ДИК а Тачи пак не сакаше воопшто да коментира дали изборите треба да се одржат на датумот влезен во закон , туку само посочи дека треба да се исполнат сите услови тие да бидат фер и демократски и оти сите треба да работат на тоа.

И странските претставници овој пат се чини имаат помалку конкретни оценки за датумот на изборите. Американскиот амбасадор Џес Бејли деновиве посочи дека сега она што граѓаните, парламентот и други треба да го прашуваат е дали работите се одвиваат како што треба нагласувајќи дека на крајот, парламентот е тој што ја носи одлуката за датумот на избори, а не меѓународната заедница. Даниелсон пак вчера рече дека одложувањето на изборите во февруари овозможило дополнително време за да се постигне напредок, но како и да е, има сè уште имало работа. Тој спомена и дека се уште има извештаи за заплашување на гласачи, повика на соработка и да не се правеле опструкции на ДИК и Специјалното јавно обвинителство а рече дека треба да се работи и на медиумската сфера. Сепак не одговораше на новинарски прашања така што немаше ниту конкретен одговор за условите за избори на петти јуни.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG