Достапни линкови

logo-print

СДСМ подготвен за избори во секој момент


Претседателот на СДСМ Зоран Заев, придружуван од генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски имаа средба со партнерите од здружената опозиција. „СДСМ и коалициските партнери едногласно заклучија дека се подготвени за избори во секој момент на кои постои цврста убеденост дека промени ќе се случат, но дека обврска на сите институции и политички субјекти во Македонија е да се спроведат фер и регуларни избори“, се вели во соопштението од СДСМ. СДСМ и коалициските партнери очекуваат реална оценка од Државната изборна комисија која, како што велат, ја има одговорноста за доверлив Избирачки список.

XS
SM
MD
LG