Достапни линкови

Времето денеска: сончево и топло


Во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а попладне во северозападните подрачја ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 25 до 28 степени. Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 26 степени.

XS
SM
MD
LG