Достапни линкови

Ирачките сили наидуваат на отпор во Хит


Ирачките сили се соочуваат со сериозен отпор, откако силно притиснаа во кон центарот на градот кој е под контрола на групата на Исламската држава во западната провинција Анбар. Градот Хит се наоѓа по должината на реката Еуфрат во долината на големата пустина во Анбар. Тој се наоѓа на рутата која ги спојува милитантите на групата на ИД во Ирак со оние од Сирија. Ирачките сили поддржани со воздушни напади вчера влегоа во Хит, една недела откако ја започнаа офанзивата за преземање на градот. Нивните напади беа блокирани откако десетици илјади цивили беа заробени во борбите. Ирачките безбедносни претставници река дека брзината на операцијата во Хит ќе зависи од борбите. Генералот Хушам ал-Џабри изјави дека ирачките контратерористички сили биле погодени од низа бомбашки самоубиствени напади, откако навлегувале во Хит од северна страна. Не се дадени бројки за жртви.

XS
SM
MD
LG