Достапни линкови

Собранието ги избра новите министри од ДУИ


Собранието на Република Македонија ги избра новите министри и заменици - министри во Владата, предложени од Демократската унија за интеграција (ДУИ). Против гласаа пратениците од СДСМ. По завршувањето на гласањето, новите членови на Владата дадоа свечени изјави. Според предлогот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, нов заменик-претседател на Владата задложен за европски прашања ќе биде Арбр Адеми, Фестим Халили - заменик претседател на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор, Валдет Џафери - министер за правда, Пиштар Лутфиу - министер за образование и наука, Дритон Кучи - министер за економија, Башким Амети - министер за животна средина и просторно планирање, Ширет Елези - министер за локална самоуправа.

XS
SM
MD
LG