Достапни линкови

Зголемен бројот на жртвите од поплавите во Пакистан


Зголемен е бројот на жртвите од поројните дождови во северозападниот дел на Пакистан, откако спасувачите пронајдоа уште тела. Дождовите кои почнаа на 3 април предизвикаа поплави во провинцијата Кибер Паштунхва и во делот на Кашмир кој е под контрола на Пакистан. Пакистанското тело за управување со кризи соопшти дека се најдени дополнителни 10 тела, при што вкупниот број на загинати изнесува 47. Тој изјави дека околу 140 домови се уништени од дождовите. Во Кашмир 24 луѓе се загинати. Монсуните во Јужна Азија често резултираа со поплави во Пакистан, кои предизвикуваат големи штети во руралните области со минимална инфраструктура.

XS
SM
MD
LG