Достапни линкови

logo-print

Азербејџан и Ерменија постигнаа договор за прекин на огнот


Азербејџан и сепаратистите поддржани од Ерменија во отцепениот регион Нагорно Карабах, постигнаа договор за прекин на огнот. Министерството за одбрана на Азербејџан денеска соопшти дека се договориле со сепаратистите за прекин на огнот, кој важи од денеска во 12 часот по локално време. Властите во Нагорно Карабах исто така го потврдуваат договорот.

Двете страни претходно меѓусебно се обвинуваа за ескалација на насилството во планинската енклава во Јужниот Кавказ, откако светските сили се собраа на разговори за ставање крај на крвавиот конфликт кои трае децении. Двете страни објавуваа нови бројки на загинати, коишто во четридневните борби достигнаа над 40, додека според други проценки таа изнесува 64.

Во меѓувреме, Турција која е најголемата земја непријател на Ерменија и членка на НАТО, соопшти дека стои рамо до рамо со нејзините браќа од Азербејџан. Азербејџанската страна предупреди дека може да го гранатира главниот град на Крабах, Степанакерт доколку не се прекинат нападите врз азербејџанските населени места.

Западот, Русија и Иран ги повикаа двете страни на воздржаност. Дипломатите од таканаречената група на модератори од Минск: Франција, Русија и САД се договорија денеска да се состанат во Виена и да разговараат за да разговараат за кризата.

XS
SM
MD
LG