Достапни линкови

Воздушни напади на Турција врз позиции на ПКК


Турската армија денеска соопшти дека нејзините сили вчера извршиле воздушни напади врз позиции на Курдската работничка партија (ПКК) во северен Ирак. Во соопштението на турските вооружени сили се нагласува дека цел на нападите биле магацини со оружје, бункери и други објекти на ПКК во реонот на планината Кандил. Планинскиот регион на Кандил, во ирачки Курдистан, е главна база на бунтовниците на ПКК. Турските авиони повремено вршат напади врз цели на ПКК во северен Ирак од јули 2015 година, кога беше прогласен прекин на примирјето што траеше две и пол години.

XS
SM
MD
LG